Русија соопшти дека развива нова вакцина против Ковид-19 за да ги заштити ласиците на своите фарми за крзно, како и за домашните мачки.
Роселхознадзор, руската ветеринарна служба објави дека работи на вакцина за животни што треба да се тестира во есен.
Одлуката следува откако се појавија случаи на Ковид-19 кај домашните мачки во Москва и во други градови.
– Вакцината главно ни е потребна за ласиците, но луѓето веројатно ќе сакаат да ги заштитат и своите миленичиња, рече шефот на организацијата Сергеј Данкверт.