Неколку минофрлачки гранати се истрелани во различни делови на Кабул, во време на неизвесност во Авганистан во врска со започнувањето на преговорите меѓу Талибанците и Владата.
Ниту една милитантна група не ја презеде одговорноста за нападот, во кој досега не се пријавени жртви или значителна материјална штета, пренесува Танјуг.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан изјави дека гранати биле истрелани од два минофрлачи во северниот и источниот дел на главниот град. Очевидци тврдат дека е граната е истрелана кон подрачјето на градот каде живеат дипломати и владини претставници.
Нападот се случи откако Владата објави дека нема да ослободи 320 Талибанци сè додека спротивната страна не ослободи повеќе заробени авганистански војници. Одлуката, најверојатно, ќе ги одложи мировните преговори меѓу Талибанците и владата во Кабул, за кои САД вршат притисок.
Портпаролот на Талибанците изјави дека нема информации за напад во Кабул.