Нема сомнение дека блокбастерот на Џејмс Камерон од 1997 година, „Титаник“, е ремек-дело. Тричасовниот класик отсекогаш има ист ефект врз луѓето 23 години подоцна, и тешко би било да се замисли поинаку, па дури и една поинаква реченица од филмот.
Филмот, кој заработи над 2 милијарди долари во киноблагајните, никогаш нема да остари, а љубителите на потресни трагични сцени секогаш ќе цитираат реплики од култниот филм.
Режисерот Џејмс Камерон неодамна откри дека познатите зборови на Леонардо Ди Каприо „Јас сум крал на светот!“ воопшто не биле во сценариото и биле целосно импровизирани од Ди Каприо за време на снимањето, пишува порталот „Инсајдер“.
Сцената во која Ди Каприо (Џек) и неговиот пријател Фабрицио стојат на врвот на палубата на бродот, гледајќи како скокаат делфините во брановите и кога Џек извикува дека е крал на светот е сцена што отсликува среќа и радост при патување на брод во нова земја, но исто така ја претскажува страшната судбина на бродот.