Рационалната употреба на водата го заштитува не само водоснабдителниот систем туку и правото на секој граѓанин за нормално водоснабдување.
Нерационалната употреба и злоупотреба преку диви приклучоци и неконтролирана употреба на водата придонесуваат до исцрпување на изворите и нарушување на системот за водоснабдување. Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член 23).
Климатските промени делуваат на природата и природните извори, како што е изворот Рашче. Зголемените температури, сушните периоди без дожд и снег придонесуваат за намалување на нивоата на природните извори.
Наша должност е да одлучиме да бидеме одговорни и да се однесуваме совесно во насока на рационална и разумна употреба на водата, за да има за сите, денес, утре и во иднина.
Пријавете злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем на:
- 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
- 02 3240 300, Дирекција
- kontakt@vodovod-skopje.com.mk
- vodovod-skopje.com.mk
- wwfacebook.com/jpvodovod.skopje