МВР да ги активира изготвените и неиздадени пасоши кои се во МНР и оние во ДКП-та до моментот на стапување на вонредната состојба

Владата на денешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги активира сите изготвени и неиздадени пасоши кои се наоѓаат во Министерството за надворешни работи, како и да ги изготви и активира патните исправи на сите поднесени барања за пасоши, реализирани од страна на мобилните екипи во дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, до моментот на стапување на вонредната состојба предизвикана од Ковид–19, и да ги достави до Министерството за надворешни работи.

На 81-вата седница, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, доставените изготвени и активирани патни исправи, по дипломатски пат, да ги проследи во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, а службените лице во дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Берлин (вклучително и Конзуларното одделение во Бон), Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Лондон, Париз, Берн, Рим, Венеција, Виена и Љубљана, врз основа на приложен документ со слика за лична идентификација, да ги издадат изготвените и активирани пасоши на подносителите на барањето за патна исправа.

Треба да знаете
Последни објави