Демократијата претставува владеење на народот. Таа се практикува на слободни и фер избори, каде граѓаните ја искажуваат својата волја за тоа кој ја заслужува честа и одговорноста да ги води во следниот мандат.
На целосно демократски избори добивме јасен победник во лицето на #СДСМ и коалицијата #Можеме, со Zoran Zaev, како наш избор за мандатар.
При креирањето Владина коалиција инсистиравме на обезбедување стабилност во следните 4 години. Предизвиците се големи. Не чека многу работа. Новите кадри мора да донесат уште посилни чекори напред во европската иднина на државата, како и одлучни реформи во борбата со корупција и прочистувањето на правосудството. Сето тоа со внимание и будност пред здравствено-економската криза и можноста за нови удари од Ковид-19.
СДСМ и коалицијата “Можеме”, заедно со партиите ДУИ и ДПА, го прават мнозинството од 62 пратеници и продолжуваат понатаму кон составување на новата Влада.
Зоран Заев, ќе биде премиер во наредните 4 години и заедно со најблиските соработници ќе даде се од себе да ги оствариме сите стратешки цели кои ги споменав погоре.
Коалицијата “Можеме”, е првата и најширока мултиетничка коалиција која настапила на едни парламентарни избори, коалиција предводена од СДСМ и БЕСА, како вистински општествени лидери. СДСМ како партија се гордее на тоа и порачуваме дека при изборот на предлог мандатар ниту сме биле ограничени, ниту ќе се ограничуваме на тоа од која етничка припадност ќе е таа личност. Во оваа ситуација, немаше дилема дека мандатарот треба да е Зоран Заев, како предлог на победничката коалиција “Можеме” и дека истиот треба да ја предводи Владата непречено во наредните 4 години зошто предизвиците кои се пред нас максимално сериозно бараат стабилност и цврстина.
Тоа на граѓаните ќе им го овозможиме!
Во предизборната кампања рековме дека можеме уште повеќе и уште подобро! Сега откако овој чекор од процесот е зад нас, можам да ви потврдам дека тоа ветување во целост ќе се оствари. Ја повикувам и опозицијата да го користи целиот свој потенцијал во насока на конструктивност, мудрост, соработка и корекција. Доколку секој од нас е професионален, доблесен и чесен во своите намери, верувам дека можеме да го пребродиме она што доаѓа и да излеземе посилни и поуспешни од тоа што сме сега.
Денес е нов ден. Започнуваме ново поглавје✊
Фејсбук статус на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски