Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го извести белорускиот претседател Александар Лукашенко за неговите разговори со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон за ситуацијата во Белорусија.
Тоа е трет телефонски разговор Путин – Лукашенко за девет дена односно по претседателските избори во Белорусија.
Путин за време на викендот го извести Лукашенко дека Русија е подготвена да помогне во решавање на проблемите врз основа на договорот за сојузништво помеѓу двете држави.
Од 9 август, кога се одржаа претседателските избори, на кои победи Лукашенко во Белорсија се одржуваат протести.