Јужнокорејската војска забрани отсуства, посети и напуштање на базите

Поради зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во своите редови, армијата на Јужна Кореја забрани во следните две недели да се земаат отсуства, да се напуштаат воените бази и да се примаат посети, соопшти Министерството за одбрана.

Исто така, во следните две недели не се дозволени заеднички обеди и приватни собири на припадниците на армијата, тие ќе можат да присуствуваат на верските церемонии само во воените бази, а услугите во сите воени верски објекти надвор од базите ќе се изведуваат преку Интернет.

Си-Ен-Ен додава дека Министерството за одбрана соопшти дека уште двајца припадници на армијата се позитивни на Ковид-19, со што бројот на активни случаи на коронавирус во армијата сега изнесува десет.

Треба да знаете
Последни објави