Амбасадорот на Белорусија во Словачка, Игор Лешченија, поднесе оставка по поддршката на протестите во неговата земја.
Во интервју за белорускиот независен портал „Тут“ тој рече дека станува збор за „логичен потег“ по снимањето видеопорака во која ги поддржува демонстрациите што се одвиваат во Белорусија веќе девет дена, од претседателските избори на 9 август на кои претседателот Александар Лукашенко освои шести мандат.
Лешченија во пораката рече дека изразува солидарност со оние што излегле на улиците на белоруските градови на мирна прошетка, за да може да се слушне нивниот глас, објави „Асошиејтед прес“ (АП).
„Јас бев назначен за амбасадор од претседателот и се очекува да ја следам политиката што тој ја определува. Министерството за надворешни работи на Белорусија верува дека мојот граѓански став е над тоа“, рече тој.
Лукашенко допрва треба да ја потпише оставката на Лешченија, пренесува АП.