Филмската компанија „Лајонсгејт“ потврди дека четвртото и петтото продолжение на акциониот трилер „Џон Вик“ ќе се снимаат на почетокот на следната година, кога Кијану ќе биде достапен, пренесува „Дедлајн“ и додава дека четворката и петката ќе се снимаат еден по друг, без пауза.
Ново продолжение на серијалот со Кијану Ривс во главната улога беше најавено веднаш по „Џон Вик: дел 3“ кој премиерно почна да се прикажува во мај 2019 година со заработка од над 50 милиони долари во американскиот боксофис.
Одлагањето има логика, со оглед дека Ривс сè уште го нема завршено снимањето на „Матрикс 4“, што најверојатно ќе трае до крајот на оваа година.
Четвртото продолжение на блокбастерот во киносалите ќе почне да се прикажува во мај 2022 година.