(Видео) Силно невреме ги зафати Хрватска и Србија

Силно невреме попладнево зафати делови на Хрватска и на Србија, проследено со обилни дождови и со грмотевици.

Делови од Хрватска биле погодени од поројни дождови и врнежи со силни налети на ветер. Невремето првин зафатило дел од северен Јадран, а потоа и Горски Котор и Лика, од каде што се проширило кон внатрешноста и истокот на земјата.

Град паѓал во Стариград, а биле регистрирани обилни дождови и на Истра, како и во делови на Далмација. На подрачјето на Дубровник попладнево имало невреме со грмотевици.

Невреме ги погоди и западниот дел на Србија и главниот град Белград. Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за временска непогода и за можност за излевање на реките.

Поради лошото време, има црвен метео-аларм за Војводина, Белград, западна Србија, Шумадија и за Поморавље.

Треба да знаете
Последни објави