Груби на Фејсбук се пофали дека ДУИ го добила МНР
Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот. ИСТОРИЈА!, напиша Груби на својот фејсбук профил.
Уште од вчера се шират шпекулации која партија, кој ресор ќе го води. Според неофицијални и непотврдени информации од ДУИ, оваа партија освен МНР, ќе ги води и министерствата за финансии и економија и секторот евроинтеграции, додека на СДСМ ќе му припаднат Министерството за внатрешни работи, правда и одбрана. БЕСА можно е да го добие министерството за транспорт.
Сепак од СДСМ се категорични дека не можат да потврдат ништо додека траат преговорите.
-Сите пишуваат шпекулации и тоа не е во ред, велат од СДСМ и бараат јавноста да почека.