Национализмот и чувството кон нацијата, сакањето и припаѓањето кон одредена нација е нешто многу нормално и може да биде многу позитивно. Но, во оној момент кога таа определба ќе ги покрие сите останати аспекти на живеењето на индивидуата доаѓаме до вистинскиот проблем. И токму тој елемент на разбирање на нацијата е она што ни се случи во земајва, а тоа е губењето на индивидуата, оцени професорката Мирјана Најчевска во онлајн дебатата на тема „!„Национализам”, организирана од здружението ЦИВИЛ.
– Наместо да се развива чувството на индивидуалност, постоење на индивидуите кои имаат различни односи и на различен начин се перцепирани во заедницата ние го задржавме пристапот на колективитети. Наместо да го развиваме граѓанското општество како што е дефинирано во напшиот Устав и се обидуваме да го дефинираме во законите каде во центарот се наоѓа индивидуиата, се уште се задржаа во се она што претствува политичко и правно милје колективитетите. Тој приод и начин на третман на односот меѓу индивидуата и нацијата, кој е покопен од страна на поделебата на заедницата на колективитети го создава проблемот на негативниот предзнак на национализмот, вели Најчевска.
Таа како пример го посочува Охридскиот рамковен догор, кој вели, во преамбулата и во првите членови јасно се означува дека има намера да придонесе во изградбата на граѓанско оштество, како збир од индивуидуи кои ќе живеат во демократска и правна држава, за понатаму секој од членовите да се спротиствува на декларираното граѓанско и се поврзува единствено со колективитетите, односно овозможување на остварување на колективните права во заедницата. Со тоа, додава таа, се деформира односот меѓу индивидуата со нацијата, која не може да биде препознаена доколку не припаѓа на одреден колективитет.
– Целото правно милје кое од формално правен аспект е граѓански ориентирано, се обидува граѓанинот да го посочи барем декларативно како основа на правните норми и на легалното уредување на односите паѓа во вода со сите оние одредби кои спротивно на овоиј начин го форисираат колективитетот било преку употреба на термините на правична застапеност, на процентуална застапенот и поврзување на правата со бројот, со процентот кој одредена група го има во заедницата и кога и со тоа нема да се успесее, во тој момент почнува да се оди наназад во историјата со вадење на историските моменти кои би можеле уште повеќе да ја зацврстат таа поделба на колективитетите, вели Најчевска.
Проф. Виолета Петровска Бешка појаснува дека националниот идентитет е поширок концепт од етничкиот идентитет затоа што бара да се надмине односот кон припадноста на сопствената етничка група и да се поврзе со нацијата како политичка категорија. Она што се гледа во политичкиот дискурс, вели е што не се прави разлика меѓу овие два идентитета, и при тоа индивидуалниот идентитет често се занемарува на сметка на колективниот. Поделбата, пак, вели, меѓу етнички национализам и граѓански национализам е што првиот е прилично деструктивен по социјалните односи во мултиетнички средини како нашата, а другиот прилично продуктивен во мултиетнички средини. Таа при тоа акцент става на значењето на образованието кое во основа, оценува, гради колективистички култури.
– Тоа ни го прави образованието и да не се чудиме зошто етничкиот идентитет станува доминантен, зошто не можеме да излеземе од колективизмот, и не можеме да ја оствариме можноста државата и нацијата да ги доживуваме како извор на остварување на индивидуални права, вели Петровска Бешка која се повикува на истражување од 2018 година спорведено во училипшта меѓу ученици Македонци и Албанци на 10 и на 14-годишна возраст.
И Најчевска се согласува дека во ниту еден од учебниците нема содржина која се поврзува со заедничко градење на нацијата, каде во лекциите нацијата е прикажана како резултат на делување на колективитете, а не на луѓето и од тоа, вели, многу е лесно нацијата да се поврзе со најбројниот колективитет и во историјата и во сегашноста.
– И демократските процеси и донесувањето на Уставот кои се спомуваат во учебниците, па и градењето на Собранието и на сите институции повторно се поврзува со колективитетите и повторно преовладува колективистичкиот приод кон целокупниот развој на државата и едноставно за децата е невозможно да се почувствуваат во таа држава како граѓани, им се наметнува да бидат припадници на одредена етничка група и едноставно невозможно е да се изгради во момемнтот граѓанскиот национализам како што би требало да го градиме, оценува Најчевска.
Дебатата е дел од серија панел-дискусии и други онлајн-настани со заеднички наслов „Национализам” кои ги организира ЦИВИЛ. во рамки на акцијата „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики”, а се дел од проектот „Европа е наш дом”, финансиран од Министерството за надворешни работи.