Фитографијата на кинескиот амбасадор во Кирибати како гази по луѓе покрена жестока дебата. Многумина беа згрозени, други велат – тоа е традиционално добредојде.Многумина го толкуваа како симболично прикажување на растечкото влијание на Кина низ Пацификот, додека други тврдат дека станува збор за традиционална пракса која била погрешно протолкувана.
Фотографијата од пристигнувањето на кинескиот амбасадор Танг Сонген го прикажува како гази врз грбот на млади мажи легнати на земја. Амбасадорот се држи за рацете на две жени облечени во традиционални носии.
Многу набудувачи ја окарактеризираа сликата како симболично прикажување на растечкото влијание на Кина врз нацијата во архипелагот, додека жителите на Кирибати објаснија дека станува збор за обичај и дека фотографијата е намерно погрешно толкувана.
„Едноставно не можам да замислам никакво сценарио во кое одењето по грбот на децата е прифатливо однесување за амбасадор (или кој било друг возрасен човек)“, напиша на Твитер Константин Панајотиу, аташе за одбрана на САД на пет пацифички острови, вклучувајќи го и Кирибати.
Австралискиот пратеник Дејв Шарма, кој некогаш работел во мисијата во Папуа Нова Гвинеја, исто така изјави дека е изненаден од оваа фотографија.
Од друга страна, многу жители на Кирибати посочуваат дека ова е вообичаена пракса и дека овој формален гест за добредојде е изваден од контекст.
„Ова е знак на почит што островјаните го покажуваат кон гостите“, напиша Адлих Зтукс.
Антропологот Катерина Теаива рече дека оваа симболика покажува чест и гостопримство, а не послушност, пренесува Гардијан.
„Познато е дека луѓето ги следат обичаите на својата земја. Треба да бидете помалку хистерични во врска со тоа и да покажете поголема почит кон разновидноста на пацифичките обичаи. Островјаните треба да имаат право на културно самоопределување“, рече таа.