Владата денеска во рамки на 81.седница ги прифати заклучоците на Министерство за труд и социјална политика редовната исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август да се врши во 3 групи (во деновите 2-ри, 3-ти и 4-ти септември).
Како што соопшти владината прес-служба, дополнителнa исплата ќе се врши на 11, 18 и 25 септември, при што податоците за корисниците од банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и 21 септември.