Комисијата за заразни болести одлучува за промена на алгоритамот и времето на изолација. Таа ќе каже дали пациентите кои биле позитивни на ковид 19 треба да завршува 10 дена по добивањето на првиот негативен лабораториски резултат ќе го разгледува комисијата за заразни заболувања на денешниот состанок. Предлогот стигнал од неколку домашни и странски институции.
Според предлогот ова ќе важи само за пациентите кои имале полесни симптоми. За оние останатите веројатно ќе важи протоколот кој е сега на сила со 14 дена изолација и два негативни брисови. Сега, после 14 дена, на пациентот му се зема еден брис и ако тој е негативен во период од 24 до 48 часа се зема втор и ако и тој е негативен му се укинува решението за изолација. Комисијата за заразни заболувања, препорака за олеснување на протоколот добила од МАНУ, Институт за јавно здравје, како и од релевантни меѓународни институции.