Претседателот на Европски совет, Шарл Мишел денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Белорусија.
– Само што разговарав со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Белорусија. Единствено мирен и инклузивен дијалог може да ја реши кризата во Белорусија, напиша Мишел на Твитер.
Путин претходно имаше телефонски разговори со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на Франција, Емануел Макрон, при што рускиот претседател истакна дека е неприфатливо мешањето во внатрешните работи на Белорусија.