Наставата ќе почне он-лајн освен за децата од прво до трето- рече Венко Филипче. Но и овде родителите го имаат последниот збор, може да се бираат нивните деца да ја следат он- лајн наставата.
-Факт е дека децата треба да поседуваат настава. Образовниот процес е од неспорно значење, но мора да ги заштитиме децата и родителите.Препорака е наставата да продолжи онлајн, со два исклучоци. Родителите на децата од прво до трето одделение ќе може да бираат нивните деца да посетуваат и настава со физичко присуство, со оглед дека сите проценки велат дека кај најмалите деца инциденцата е најмала, и имаат главно лесна форма на болеста. Вториот исклучок е во оние општини каде што во училиштата има мал број на ученици. По нивно барање може да се следи настава со физичко присуство. И тука е неопходна согласност од родителите, рече министерот Венко Филипче.
Министерот за здравство Венко Филипче очекува протоколите за наставата со физичко присуство да обезбедат минимален ризик од ширење на заразата, но се прави и план за дополнителни рестриктивни мерки кои ќе бидат таргетирани во зависност дали некаде ќе се промени епидемиолошката состојба.
– Тоа значи, во зависност од новодијагностицирани случаи во некоја населба, град или регион, потоа врз оснива на епидемиолокшата поврзаност на тие случаи, сите што ќе бидат во ризик ќе бидат во план за рестрикции. Тој план ќе важи и за училиштата и за нивно затворање за да се спречи понатамошно ширење на вирусот и да се избегнат рестрикции на ниво на цела држава, рече Филипче.
Министерот Арбер Адеми посочи дека за спроведување на планот со протоколите е неопходно да има законски измени каде што ќе се остави можност МОН да ја организира наставата согласно со епидемиолошката состојба.
– Да се остави флексибилност за преминување од еден на друг начин на организирање на наставата во зависност од околностите со кои ќе се соочиме. За ова и за предвиденото кратење на наставните часови, како и за други прашања, е неопходно да имаме измени на законите за основно и за средно образиание, а тоа зависи од функционално Собрание. Ние имаме нацрт-предлог на Влада и ќе биде доставен до Собранието и очекувам час поскоро да имаме функционално Собрание и тие законски решенија да се усвојат, рече Адеми.
Дополнително ќе биде одлучено на кој начин родителите ќе се изјаснат за наставата што ќе ја следат нивните деца. Според одлуката, која беше соопштена на прес-конференцијата, родителите ќе имаат можност да изберат онлајн-настава ако не сакаат детето физички да присуства на настава. Тоа е од причина што во некои семејства има хронично болни членови (родители, баби, дедовци) или се во категорија од висок ризик.