НСРР со барање до мандатарот: Повеќе жени во структурите на одлучување и извршната власт

Претседателката на Национален Совет за Родова Рамноправност, Савка Тодоровска до мандатарот за Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев упати барање за повеќе жени во структурите на одлучување и извршната власт

-Во духот на еднакво општество за сите, Националниот совет за родова рамноправност како мрежа на повеќе од сто женски локални организации во државата од вас бараме при составување на членови/ки на Владата биде исполнета и една од нашите основцни цели: повеќе жени во структурите на одлучување и извршната власт. Вие досега докажавте, поставувајќи 50 проценти жени на кандидатските листи на коалицијата Можеме на изборите 2020, дека за вас тоа е водечки принцип и истото го очекуваме и при составувањето на оваа влада. Нашиот пат е Европската Унија и како пример би ја посочиле Репиблика Франција, каде од 31 министерства, 17 од нив ги водат жени. Успешните држави во кои владее рамноправноста гарантираат благосостојба на сите граѓани/ки, каква што во иднина сакаме да биде Република Северна Македонија, велат од НСРР.

 

Треба да знаете
Последни објави