Премиерката на Нов Зеланд реагираше на изјавата на Трамп: „Нема место за споредба со САД“

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека зголемувањето на бројот на заразени лица во таа земја е ужасно.

Арден рече дека кога станува збор за бројот на новозаразени, нема место за споредбa помеѓу Нов Зеланд и САД.

„Мислам дека нема простор за какви било споредби помеѓу сегашниот број нови инфекции во Нов Зеланд и десетици илјади нови случаи што се регистрираат секојдневно во САД“, рече Арден.

Таа истакна дека нејзината земја е во многу подобра позиција по тој параметар и во однос на повеќето други земји во светот.

„Си-ен-ен“ наведува дека денес во Нов Зеланд се регистрирани 13 нови случаи на коронавирус, сите се последица на локална трансмисија.

Треба да знаете
Последни објави