Седум нови лица заразени и пет оздравени денеска, според податоците од Министерството за здраство со коронавирус во Кичево, со што вкупниот број заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна на 247 лице, од кои 128 се активни, 109 се излекувани и десет лица се починати.
– Денеска кај нас имаме седум новозаболени лица од коронавирусот кои се лекуваат во домашни услови под надзор на нивните матични лекари и се разбира дека со во изолација. За среќа пак имаме и пет оздравени, информира Емин Насуфи, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.
Тој упатува апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.