Србија: Нови 108 позитивни на коронавирусот, починале четири лица

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 9.186 лица, од кои 108 биле позитивни, починале четири лица.

Според најновите податоци на Министерството за здравство, има 64 пациенти на респиратори во болниците низ цела Србија.

Да потсетиме, вчера имало 100 новозаразени, што беше најмал број од 22 јуни, ден по одржувањето на парламентарните избори.

Од почетокот на епидемијата на вирусот корона кај нас, загинаа 681 лица, а стапката на смртност е 2,27 проценти.

Треба да знаете
Последни објави