Пејачката Неда Украден на 16 август полни 70 години, но и без разлика на бројката, таа изгледа прекрасно за своите години.
Тоа најдобро го докажува и најновата фотографија која ја објави на Инстаграм.
Имено, Неда се сликала во бикини, а до израз доаѓа нејзината витка линија. На овој начин Украден ја најави својата нова песна со наслов „За вистинска љубов“, која излегува точно на нејзиниот роденден.
-Никој не е совршен! Но, се е поубаво со море и сонце и кога си здрав. Идемеее, одбројување… 16.08. премиера „За вистинска љубов“, напиша Неда.