Фатмир Бесими предлог на ДУИ за министер за финансии

Фатмир Бесими висок партиски член на ДУИ ќе биде новиот министер за финансии, објави Фактор.

Бесими ќе седне на местото на досегашната министерка Нина Ангеловска откако по поделбата на ресорите меѓу СДСМ и ДУИ, било договорено ова министерство да му припадне на албанскиот коалиционен партнер, но овие информации не се уште потврдени, пренесе „Фактор“.

Според информации на „Фактор“ договорено е Министерството за внатрешни работи да остане кај СДСМ, а финансии, надворешни работи и администрација да одат кај ДУИ.

Фатмир Бесими беше министер за економија од декември 2004 до јули 2006 година во Владата во која премиер беше Владо Бучковски односно беше раководена од СДСМ. Потоа од 2008 до 2011 исто така беше министер за економија во Владата на Никола Груевски.

Од 2011 година до февруари 2013 беше министер за одбрана , три години подоцна односно до 2016 година беше вицепремиер за евроинтеграции.

Треба да знаете
Последни објави