Алијнса за Албанците и Алтрнатива размислуваат за бојкот на Собранието ако нема премиер Албанец

Генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи на својот профил на Фејсбук, им предложил пратениците на коалицијата Алијанса за Албанците- Алтернатива да ја бојкотираат работата на Собранието.

-Ако во наредните денови работите не се променат во корист на Албанците, јас ќе им предложам на раководствата и претседателите на коалицијата „Сега е време“ да ја бојкотираат работата на Собранието на Република Северна Македонија и со тоа да им стават до знаење на сите внатре и надвор од земјата дека не може да се поигрува албанското политичко достоинство, напишал Реџепи.

https://www.facebook.com/zejd.rexhepi/posts/10220334986422849

Идејата на Реџепи ја поддржуваат и од Алијанса за Албанците од каде велат дека ќе ја разгледуваат и одлучуваат во текот на следните денови.

„Идејата на Реџепи е една од можните опции и тоа е многу логична идеја“, изјавил Таравари.

Оваа негова изјава доаѓа непосредно пред состанокот меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, каде се очекува да биде објавен договорот за коалиција.

Треба да знаете
Последни објави