ВМРО-ДПМНЕ без коментар за евентуален договор СДСМ-ДУИ

Од ВМРО-ДПМНЕ немаат коментар за најавениот договор меѓу СДСМ и ДИУ за владината коалиција, која би требало да биде обелоденето по средбата Зоран Заев и Али Ахмети.

Во овие моменти не би има што да коментирам подетално би почекале во текот на денот да излезат официјални информации и детали бидејќи изминатиов период кој што помина од како почнаа на некој начин преговорите помеѓу СДСМ и ДУИ гледаме дека ги држат граѓаните и јавноста без информации сето тоа го работат тајно така да сите подетални коментари ќе ги дадеме кога ќе  ги видиме деталите од наводниот или можен договор кој што би го објавиле доколку би го објавиле денеска, изјави портпаролот на ВМРО, ДПМНЕ, Димче Арсовски.

 

Треба да знаете
Последни објави