Кои струмички фирми се офајдиле од пропаста на Eуростандард?

Интегрален текст од прес конференција на Иван Јорданов, пратеник

 

Вториот ТАТ, пропаѓањето на Еуростандард банката предизвивикува паника меѓу штедачите и несигурност кај граѓаните. Лошото менаџирање на состојбата создава паника кај голем број на граѓани кои ги вадат своите штедни влогови од другите банки. Тоа може да доведе со силни макроекономски потреси.

Од друга страна додека граѓаните стравуваат за своите заштеди, голем дел на луѓе од власта меѓу кој и министерката за финансии Ангеловска си ги спасила парите вадејќи ги од банката која сега пропадна. Но, дека не е само лошо менаџирање говорат и фактите кои упатуваат на тоа дека пропаста на Еуростандард банка било смислено сценарио. Јавноста чека одговори кои точно струмички фирми соработувале со Еуростандард банката?

Дали е точно дека тие се од градежниот сектор и дали впрочем пропаста на банката е она што највеќе им одговара на струмичките фирми блиски до власта? Кои струмички фирми се офајдиле од пропаста на Еуростандард, тие правеле пари, а сега граѓаните поради несигурност ги вадат од банка своите заштеди. Пропаѓа банка, трагите за незаконито работење се покриваат, а народот стравува за своите заштеди. Овој случај покажа дека Заеви не оставаат на случајноста и зад овој втор ТАТ седат луѓе од Струмица блиски до актуелната власт.

Треба да знаете
Последни објави