Се уште европскиот првак и шампионот на Премиерлигата се соочува со Ковид-19. Официјално најмалку еден член на експедицијата на “редси“, која се наоѓа на подготовки во Австрија е позитивен на тестовите, но не се кажува дали е тоа фудбалер или член на клубот.
Тоа значи дека Ливерпул не се враќа во Англија, туку и во наредните денови ќе остане во Австрија. Тоа лице ќе биде изолирано, а сите во делегацијата на “редси“ ќе бидат тестирани на секои три дена.