Финската премиерка Сана Марин соопшти дека ќе направи тест за Ковид-19 поради благи симптоми на болеста кои ги исполнува, пренесува „Ројтерс“.
Марин напиша на „Твитер“ дека има благи симптоми на респираторна инфекција, поради што планира да направи тест и да работи од дома.
Финските власти минатата недела првпат препорачаа носење маски во јавност поради зголемувањето на бројот на заразени.
Според последните податоци од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во оваа земја од почетокот на пандемијата забележани се над 7.700 случаи на Ковид-19, а починати 334 луѓе.