Измамничка и нелегитимна е првиот коментар на опозициската албанска коалиција меѓу Алијансата на Албанците и Алтернатива, откако СДСМ и ДУИ објавија дека постигнале договор за Влада.
-Како прво е измамничка, затоа што и двете страни сериозно ги измамиле граѓаните и второ, е нелегитимна, затоа што партнер на оваа влада станува партија која насилно и манипулативно ја ограби политичката волја на Албанците. Прво, ДУИ измами што денес го прекрши единственото предизборно ветување за албанскиот премиер и второ, го измами СДСМ, која пред изборите рече дека „во никој случај нема да се формира коалиција со ДУИ“. Затоа, за нашата коалиција, оваа влада не заслужува никаков политички респект и, како таква, ќе се соочи со 12 пратеници и народ кој нема да дозволи измама и узурпација на политичката волја, се вели во реакцијата.