Штипјани и велешани најчесто возат во спротивен правец

Вкупно 340 лица во 2019 година возеле во спротивен правец или не ја држеле страната согласно сообраќајните правила, покажуваат последните податоци на МВР, објави „24Ауто.мк“.

Ова претставува намалување како во однос на 2018 година, кога по истата основа казнети биле 390 лица,така и за 2017 година кога 462 лица добиле казни.

 

Најголем дел од овие возачи биле казнети на територијата на СВР Штип и тоа 76 возачи, а потоа следи СВР Велес со 64 и СВР Битола и СВР Охрид со по 44 казнети возачи. Најчесто се работи за возачи што сакале да „скратат“ и возеле во еднонасочни улици каде тоа е забрането.

 

На територијата на СВР Скопје за недржење страна и правец на движењето, минатата година биле казнети 34 возачи, на територијата на СВР Куманово 42 додека на територијата на СВР Струмица и СВР Тетово казнети биле 15 односно 21 возач.

За возење во спротивен правез е максималната парична казна и плус одземање на возачката дозвола.

Треба да знаете
Последни објави