Џафери останува претседател на Собранието, новите министри ќе бидат познати утре

Претседавачот со Собранието и актуелен претседател на Собранието, Арбен Џафери ќе биде пак избран на највисоката парламентрна функција, изјави лидерот на СДСМ по дeнешната прес конференција на која потврди дека е постигнат договор за владина коалиција со ДУИ.

Според Заев, тој ќе биде мандатар четири години, а ДУИ ќе даде премиер сто дена пред наредните парламентарни избори, бидејќи ќе се укине Пржинската влада.

Лидерот на СДСМ најави дека договоеното треба да биде одобрено од партиските органи, како и дека кандидтите за министри ќе бидат познати утре вечер.

Треба да знаете
Последни објави