Во Куманово расте бројот на заразени со коронавирус, за 5 дена се заразиле 82 лица

Во Куманово во моментов 301 лице се водат како активни носители на коронавирус, со што градот е втор со најмногу заболени, зад Скопје, каде што има 917 активни случаи.

За само пет дена во Куманово биле потврдени 82 новозаразени, од кои 18 во изминатото деноноќие.

Од Куманово се и двајцата пациенти кои починаа во изминатите 24 часа. Како што соопштија од Министерството за здравство, тие биле на возраст од 64 и 72 години, а починале во болнички услови.

Од саботата до денес, најголем број на позитивни случаи биле регистрирани во понеделникот кога биле потврдени тестовите за 26 лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.076, бројката на оздравени пациенти е 9.625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.900.

Треба да знаете
Последни објави