Додека Георгина пружа алишта на јахтата, Роналдо позира и “фаќа“ боја…

Фудбалерот Кристијано Роналдо (35) и неговата вереница Георгина Родригез (26) во моментов уживаат на луксузна јахта во Сен Тропе, Франција. Овој пат манекенката не позираше облечена со скапа торба во рака, но беше фатена на палубата додека простира алишта. Нејзиниот партнер за тоа време ужива да го покажува совршено извајаното торзо.

Бројни следбеници биле шокирани кога ја виделе Георгина како ја извршува домашната работа, а некои коментирале дека благодарение на овие фотографии, тие промениле мислење за неа.

– Мислев дека на ваквите ѕвезди помошнички им ги вршат домашни работи. Девојче, секоја чест – се само некои од коментарите на Твитер…

Преземено од Попара

Треба да знаете
Последни објави