Коронавирусот влезе и во редовите на Динамо Загреб

Коронавирусот влезе и во редовите на повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб. Тимот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој е и капитен на „модрите“ има еден  позитивен фудбалер на коронавирусот кој веќе е испратен во самоизолација. Неговиот идентитет од клубот не го откриваат.

Другите играчи од тимот било утврдено дека немал контакти и продолжуваат со тренинзи, но утре и за три дена „модрите“ ќе направат нови две тестирања.

Претходно тимот на Локомотива Загреб објави дека има петмина заразени.

-Имаме еден фудбалер позитивен на ковид-19, играчот кој имаше симптоми веднаш ги контактирал докторите на Динамо, а според мерките и препораките веднаш се известени епидемиолошите власти. Денеска фудбалерот доби позитивен наод и одредена му е мерка од строга самоизолација. Според проценките на лекарската служба и епидемиолозите во моментов нема потреба од самоизолација на останатите фудбалери или членови на стручниот штаб, бидејќи фудбалерот во кругот на стадионот не бил во контакт со други лица во затворени простории. Сите фудбалери утре ќе бидат тестирани, а за неколку дена и уште еднаш, соопшти тимот од Максимир.

Треба да знаете
Последни објави