Австриските медиуми тврдат дека наместо метеж на границите за влегување во Австрија, на излезот од земјата се формирала огромна колона.
Според порталот Индекс.хр, станува збор за германски туристи кои стргнале кон Хрватска, и покрај одлуката на Австрија да воведе обврска за тестирање за своите граѓани кои доаѓаат од Хрватска или да ги стават во карантин. Таа одлука предизвика вистинска вербална војна меѓу хрватските и австриските политичари.
Австрија најпрво ја одбележа Хрватска како многу ризична земја за патување кога станува збор за можноста од инфекција со коронавирус, а потоа беше донесена одлука дека сите оние што влегуваат во Австрија, а останаа во Хрватска, дека мора да бидат тестирани пред да се вртат дома.
И покрај очекувањата на Австрија да се создаде метеж на границите при враќање на домашните туристи, колоната на границата е огромна. Но, во спротивна насока.
Имено, на излезот од Австрија има колона од 11 километри. Австриските медиуми, кои ги објавуваат овие информации со неверување, наведуваат дека во колоните има многу Германци, кои патуваат за Хрватска и кои очигледно немаат страв од вирусот.
Наведено е дека повеќе од 80.000 германски туристи влегле во Хрватска минатиот викенд, пишува Нови лист.
Германија нема издадено негативни препораки за патување во Хрватска, ниту, пак, Институтот „Роберт Кох“, кој ги следи епидемиите, не ја прогласи Хрватска за ризична земја.
„Германските туристи во моментов не мораат да се соочат со задолжителни тестови“, пишува „Зидојче Цајтунг“ за коронавирусот во Хрватска и им објаснува на своите читатели дека на голем дел од хрватското крајбрежје има мал број новозаразени лица.
„Вистинските трендови се релевантни за донесување одлука, а не за моменталната слика“, рече германското Министерство за надворешни работи во врска со воведувањето мерки против ширење на коронавирусот за луѓето кои доаѓаат од Хрватска.