По италјанскиот Јувентус и англискиот Манчестер сити, вечерва (21 ч.) во полуфиналето од фудбалската Лига на шампионите пред „отпишаниот“ Лион доаѓа да покаже што знае германскиот Баерн Минхен. Во еден меч без право на поправен, на неутрелен терен во Лисабон, германската фудбалска машинерија која одигра засташувачки дуел со шпанската Барселона (8:2) е апсолутен фаворит.
Никој не се сомнева во фудбалскиот свет во победата за петкратниот европски првак Баерн Минхен. Одамна „отпишаниот“ Лион, кој на двапати стасал до полуфиналето и не поминал до завршниот меч, еденаш е сопрен токму од вечерашниот прптивник но во двомеч, во втората сезонска полуфинална француско-германска пресметка покажа дека не е тим за потценување. Тоа во предвид го имаат дисциплинираните Германци. В недела во финалето каде го визира настапот ПСЖ, и покрај низата изненадаувања против великаните Јувентус и Манчестер сити, сите очекуваат Лион да биде запрен и на завршниот мегдан да го видат Баерн против ПСЖ.
Таквите прогнози се поткрепени со формата и начинот на игра која ја демонстира Баерн. Има тим кој функционира беспрекорно, игра дисциплинирано, креативен во средината од теренот и максимално застрашувачки кого ќе му се укаже шанса да го загрози противничкиот гол.
-Свесни сем прптив каков тим ќе играме. Апетитот постојано ни се зголемува. По пласманот во полуфиналето ни порасна и сакаме да играме финале. Можеме да се пласираме таму, ако одиграме нов извонреден меч. Нормално како ќе се игра на овој мечот ќе зависи и од Баерн. Ние ќе се обидеме да го демонстрираме нашиот квалитет. Баерн е компактен, но ниту еден тим не е безгрешен. Мора да ја играме нашата игра. Најважно е да веруваме во себе, вели Руди Гарсија, тренерот на Лион.
Баерн за разлика од Лион е во подобар натпреварувачки ритам во екот на корона-криза поради која дојде ио прекина на сезоната. Во Франција беше прекината, а во Германија се доигра без присуство на гледачи.
– Ќе играме во во финалето. Убеден сум во тоа. Знам колкави се можностите на нашиот тим. Имаме фантастична атмосфера… Релаксиран сум зашто знам колку моите фудбалери се фокусирани кон една цел. Но, мора да сме свесни дека ова е еден меч, тој почнува од 0-0 и дека мора да ги одиграме во еден здив сите 90 минути како против Барселона, вели Ханси Флик, тренерот на Баерн Минхен.
ЛИОН – БАЕРН МИНХЕН
СТАДИОН „ЖОЗЕ АЛВАЛАДЕ“, ЛИСАБОН – 21 ЧАСОТ
Судија: Антонио Матеу Лахоз (Шпанија)
Лион: Лопес – Денајер, Марсело, Марсал – Добои, Какере, Гимараеш, Оуар, Корне – Депај, Дембеле
Баерн Минхен:Нојер – Кимих, Боатенг, Алаба, Дејвис – Горецка, Тијаго – Перишиќ, Милер, Гнабри – Левандовски