Пожар во кафеана во Автокоманда, двајца вработени завршиле во болница

На 18.08.2020 во 11.30 во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на бул.„Александар Македонски“.

Притоа, со повреди се здобиле Н.Т.(36) и Љ.Т.(52), двајцата од Скопје, кои се обиделе да го изгаснат огнот, по што биле пренесени во ГОБ „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

За настанот бил известен трудов инспектор, а пожарот бил изгаснат од останатите вработени. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави