Полицијата трага по Усеини, му поднесе кривична за тепањето на Топаловски

Охридската полиција поднесе кривична пријава против советникот Хефи Усеини за нападот врз сограѓанинот Спире Топалоски, информираше МВР.

Како што претходно објави „А1он“, бизнисменот заедно со својот брат Ибро со пиштол му се заканувал на Топаловски, а тоа било снимено на камери.

-СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Н.У.(45) и И.У.(48), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. По наредба на Јавен обвинител, СВР Охрид синоќа изврши претрес во домовите на пријавените. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави