Францускиот фудбалски првак ПСЖ во својот прв историски настап во финалето од елитното европско клупско натпреварување Лигата на шампионите в недела со подобриот од вечерашниот дуел Баерн – Лион, може да го одигра без еден од своите најдобри и најскапоплатени фудбалсри Бразилецот Нејмар !?
Причината за ваквата наметна дилема е непромислениот потег на Нејмар на полуфиналниот дуел прптив Лајпциг (3:0) кој во време на мерки и протоколи за заштита од ширењрто на коронавирусот разменуваше дрес.
„Сан“ објави дека Нејмар со овој потег ги прекршил правилата за коронавирусот и може да заработи казна. Според правилата, забранета е размена на дресови меѓу фудбалерите и доколку го направат тоа, тогаш им следува казна од мнеиграње на еден натпревар, а исто така тие играчи ќе мора да одат и во самоизолација 12 дена. На потег е УЕФА !