Чешка го отфрла планот на СЗО за развој на вакцина против Ковид-19

Чешкиот министер за здравство Адам Војтех изјави денеска дека земјата нема да учествува во планот на СЗО за развој и дистрибуција на вакцина против коронавирус – Ковакс.
– Ние нема да се приклучиме на иницијативата на СЗО од неколку причини – правилата за нас се понеповолнис отколку да сме дел од европска иницијатива. Ние ја поддржуваме иницијативата на Европската комисија, која преговара со произведувачите и тие преговори се многу напредн“, рече Војтех.
Тој најави дека Чешка наскоро ќе учествува во договорот со производителот АстраЗенек.

Треба да знаете
Последни објави