Џихадисти поврзани со групата Исламска држава киднапирале стотина луѓе и ги држат како заложници во североисточна Нигерија, соопштиле локални и воени извори.
Екстремистите ИДВАП (Исламската држава во Западна Африка), разгранок на Боко харам, вчера го зазедоа Кукава во регионот Лејк Чад и заробија луѓе кои штотуку се вратиле дома откако речиси две години биле во логори за раселени, рекол Бабакура, шеф на локалната полиција.
Терористите дојдоа во 22 камиона, тие го нападнаа градот вчера околу 16 часот кога избувна жестока борба меѓу нив и војниците што го бранат градот“, рече тој.
Граѓаните на Кукава, придружени од војската, се вратиле во својот град на 2 август по налог на државните власти во Борна.
Тие живееле во логорите во регионалниот центар на Маидугури, оддалечени 180 километри, каде што пристигнале по крвавиот напад во ноември 2018 година.