Да се реставрираат олдтајмери е навистина напорна и пред се скапа работа. Но, некогаш љубовта е голема, и радоста огромна кога ќе се заврши проектот. Климент Џаџов од Штип зад себе има неколку проекти на реставрирани возила што потоа завршиле кај странски купувачи, пишува „24Ауто.мк“.
Сегашниот олдтајмер е Citroеn Dyana. Откако десет години истото возило не било користено и се наоѓало во запуштен двор било откупено од Џаџов. Моделот има 34 КС, но е одличен за планинските непроодни патишта.
Му требале околу три месеци за целосна реставрација и потрошил околу 1.500 евра. Возилото е во одлична состојба и наменето за офроунд патишта. Такви се и гумите. Повеќе го користи за сопствен мерак отколку за возење по нормални патишта.
Џаџов има план да реставрира наскоро уште поатрактивно возило, Porsche 928 од 1982 година. Се надева ќе успее и тоа ќе биде навистина вреден модел.