Во Србија уапсена банда која фалсификувала негативни ПЦР тестови

Српската полиција соопшти дека во голема акција се уапсени 6 лица, членови на организирана криминална група, која неколку месеци изготвувала негативни ПЦР тестови за Ковид 19 и ги продавале за цени од 30 до100 евра.

Тие дејствувале во периодот од јануари до август годинава.

Се вршат претсреси на повеќе локации а евентуално пронаоѓање докази за вклученост и на други лица.

Пред два месеца за првпат беше објавено дека во Ниш се купуваат фалсификат ПЦР тестови, за непречено патување во Грција и на други дестинации во тој период.

Треба да знаете
Последни објави