Во изминатите 24 часа, во Украина е потврден рекорден број на нови случаи на коронавирус – 1.967, а претходниот ден имаше 1.616.
Уште 28 лица починале во изминатото деноноќие како последица од Ковид-19, а 812 пациенти закрепнале, пренесува агенцијата „Тасс“.
Од почетокот на пандемијата во Украина 96.403 луѓе се заразени со коронавирус, а 2.144 од нив починале.