Вредноста на „Епл” го помина прагот од 2,0 билиони долари

Технолошката компанија „Епл” (Apple) денеска стана прва американска компанија која котира на берзата со вредност од два билиона долари.

Акциите на „Епл” денеска пораснаа на 467,77 долари, а од почетокот на годината до денеска пораснаа за околу 60 проценти, а минатата година забележаа раст од 120 проценти.

Американската технолошка компанија за повеќе од две години двојно ја зголеми својата пазарна вредност.

Треба да знаете
Последни објави