Груби ќе биде прв вицепремиер, Османи шеф на дипломатијата

Тетова Сот од свои извори ги дознава имињата на оние што ќе ги предводат овие значајни министерства. Прв вицепремиер и министер за политички систем ќе биде Артан Груби, додека Бујар Османи ќе го предводи Министерството за надворешни работи.

Исто така, според изворите на Тетова Сот, министер за финансии ќе биде Фатмир Бесими, министер за економија, Крешник Бектеши, додека Екологија ќе ја води сегашниот министер, Насер Нуредини, а Министерството за информатичкото општество и администрацијата ќе го води жена.

Ова ќе биде првпат првиот вицепремиер да биде од албанска партија, додека одлуките, како што се договориле коалициските партнери, ќе се носат со консензус меѓу премиерот и првиот вицепремиер, пишува весникот.

Треба да знаете
Последни објави