Два силни земјотреси ја погодија Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,8 степени го потресе регионот крај островот Суматра, објави Американскиот сеизмолошки институт. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објави на социјалните мрежи дека земјотресот, непосредно по полноќ, погодил неколку области на југот на Суматра.

Друг земјотрес со иста големина ја погоди областа на 130 километри западно од индонезискиот град Бенгкулу. Засега не е познато дали имало жртви или материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави