ДУИ: Во албанската опозиција се сериски губитници, уште ќе чекаат на шалтерите на македонските партии

На Албанците од Северна Македонија не им е потребна недостоинствена и деструктивна опозиција која им се спротивставува на сите раководители на институции во Албанија и во Косово, порачуваат во соопштение од ДУИ.

Од таму сметаат дека овие партии се узурпатори кои не ги претставуваат албанските граѓани.

„Ќе продолжите да стоите на приемните шалтери во ходниците на СДСМ и ВМРО во наредните четири години за да ги поткопате политиките што ги напредуваат Албанците во оваа земја. Ве поканивме да ни се придружите, не за да нè поддржувате, туку да владеете со нас и да ги споделуваме успесите заедно, но вие ја напуштивте албанската тркалезна маса и работевте дење и ноќе за неуспехот на историскиот договор за Албанците и сите граѓани од Северна Македонија“, нагласуваат од партијата на Ахмети, додавајќи дека Албанците не само во Македонија, туку секаде нема да го заборават или да го простат недостоинственото, деструктивно и срамно однесување на узурпатори и сериски губитници, порачуваат од ДУИ за колегите од албанскиот политички блок.

Треба да знаете
Последни објави