ДУИ ги објави имињата на своите министри во новата Влада

Задолжен за Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби.

Министерство за надворешни работи – Бујар Османи.

Министерство за финансии – Фатмир Бесими.

Министерство за економија – Крешник Бектеши.

Министерство за животна средина и просторно планирање – Насер Нуредини.

Министерство за информатичко општество и администрација сеуште нема одлука.

Според Али Ахмети сите одлуки новата Влада ќе ги носи со конзенсус како што било порано така и ќе продолжи.

Ахмети изјави дека позицијата прв заменик претседател на Влада ќе биде регулирано со правилник на Владата и веројатно ќе бидат потребни законски измени.

ДУИ бара сите одлуки заеднички да ги носат со премиерот и првиот заменик претседател на Владата.

Треба да знаете
Последни објави